
Повеќе возила се судриле утрово на автопатот Штип-Миладиновци, поради што сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, објави „М-нет“.
Според првичните информации има повеќе повредени лица, кои се упатени на скопските клиники, а неофицијално, причина за сообраќајката е подмрзнатиот коловоз на мостот по кој во моментот се движеле возилата.
Официјални информации од МВР за несреќата се очекуваат во текот на денот.