Сообраќајка на автопатот „Пријателство“

Вчера, на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка Петровец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и  мотоцикл, во која возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека, несреќата се случила помеѓу патничко возило „ауди А6“, со српска национална ознака, управувано од М.Н. од Р.Србија и мотоцикл „хонда“ со национална ознака на БиХ, управуван од В.М.(38) од БиХ.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.