Сообраќајка кај Скопјанка, се преврте автомобил

Пред малку на булеварот „Јане Сандански“ кај трговскиот центар „Скопјанка“ се случи сообраќајна незгода, пренесува порталот mms.mk

На фотографиите се гледа дека се превртел автомобил кој се движел од Аеродром кон Железничката станица. 

Полицијата во моментов врши увид во несреќата. 

Ова е втора сообраќајна незгода, денес во Скопје. Попладнево во близина на Педагошкиот факултет се случи несекојдневна несреќа