Сообраќајка кај Порта Македонија, „Опел Вектра“ остана без браник

Сообраќајна незгода во непосредна близина на Порта Македонија во центарот на Скопје се случила денеска околу 12 часот, пренесува Република.

Како што може да се види на фотографиите, во незгодата возилото марка Опел Вектра кое се забило во автомобилот пред него, останало без преден браник.

За среќа нема повредени, а сообраќајот на оваа улица во моментов се одвива отежнато на една лента.

 

(фото – Република)