Сообраќајка кај „Нова Македонија“, прегазен пешак

Пешак е повреден во сообраќајна несреќа која вчера во 11 часот се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ со ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како што информираат од полицијата автомобил „фиат“, со скопски регистарски ознаки управуван од Д.С.(58) од Скопје удрил во пешакот С.Р.(71) од Скопје.

-Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.