Сообраќајка кај ЕУ Инфо Центар, блокиран сообраќајот

Утрово, на крстосницата пред ЕУ Инфо центар, се случи сообраќајна несреќа, во која возило удрило во жардиниерата.

Полицијата е присутна на местото на настанот. Со пајак-служба се отстранува автомобилот, кој блокира две коловозни ленти.

Сѐ уште не се знае дали има жртви или повредени. Надлежните служби се обидуваат да го оспособат булеварот за непречено одвивање на сообраќајот, кој наутро е густ, а дополнително е отежнат поради тоа што е затворена улицата во центарот на градот, односно од крстосницата кај Црвен крст се до Собранието.