
Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка„Лагово“.
Првичните информации говорат дека камиот се движел во обратна насока при што се забил во возилото на прилепчаните Никола и Наташа Василевски каде починале на самото место, додека со повреди се здобил возачот на камионот. Од медицинската помош известуваат дека повикот го примиле околу 7:45 часот.
Екипите на Противпожарната единица се уште се обидуваат да го изгаснат огнот зашто во директниот судир возилата се запалиле.
Патот е затворен за сообраќај.