Сообраќајка го парализираше сообраќајот – колони во Автокоманда (фото)

Сообраќајна гужва во Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“.

Поради сообраќајна несреќа во која учествувале такси и мотор во близина на пожарната во Автокоманда сообраќајот  во правец кон излезот од Скопје се одвива во отежнати услови, пренесува Канал 5.

Засега нема инфомации за евентуални повредени во оваа сообраќајка. 

Според очевидци  колоната од возила е долга дури до Бит-пазар.