Сообраќајака во Аеродром: Возел мотоцикл без дозвола и регистрација, па завршил на клиника

Скопјанец е тешко повреден откако со мотоцикл излетал од пат во скопски Аеродром. 

- На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл без да поседува возачка дозвола и истиот не бил регистриран, информираа од  МВР. 

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.297-а од КЗ.