Сообраќај на скопските улици: Каква е состојбата во моментов?

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека  на сите улици и булевари во Скопје, сообраќајот се одвива непречено и без застој.

ЦУКС регистрира зголемен број на возила долж булеварот Кузман Јосифовски Питу во насока на движење од Аеродром кон Центар, но и обратно, долж булеварот 3-та македонска бригада од Аеродром кон Центар, како и долж булеварот Кочо Рацин во насока на движење од крстосницата со булевар Кузман Јосифовски кон крстосница со улица 11 Oктомври, а зголемен е бројот на возила што утрово се движат долж улицата Димитрије Чуповски кај поранешен Рекорд во двете насоки.