Сообраќаен хаос во Скопје: „Англичани“ или неодговорни возачи?

На твитер-профилот „Ѕидот На Срамот“ се објавуваат секојдневни глетки од Скопје, но и од други градови, на кои се забележани одредени прекршоци. 

Најчести, секако, се сообраќајните прекршоци, како непрописно паркирање, но во два наврати е забележано возење во спротивна насока, на што коментарот е: „Многу Англичани имало во Скопје“, како аналогија на правилата за возење во Велика Британија. Сепак, ова се само два случаи, но не може, а да не се претпостави дали во текот на еден ден сообраќајните правила се прекршуваат и по неколкупати на ваков начин.