Сообраќаен хаос, градот е блокиран граѓаните нервозни

Низ центарот во Скопје во моментов е невозможно да се оди со автомобил. Огромни колони кај Рамстор, низ центарот, а не може ни преку Водно. Блокирано е на сите страни. Возачите нервозни свират, и не се подмрдуваат од место.

Од ,,Македонија Блокира” најавија, дека од 16 до 18 часот ќе ја блокираат раскрсницата кај „Црвен Крст”, по што од 18 часот ќе започне протестен марш до Владата и враќање пред Собранието каде ќе има говори и блокирање на просторот пред Собранието.