Сончево време со надпросечни температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло преку денот, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Во однос на снежната покривка во државава, метеоролозите информираат дека таа е највисока во Лазарополе каде изнесува 20 сантиметри, следува Маврово со 18, а 6 сантиметри снег има во Крушево.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер