Сончево време со мала локална облачност и со слаб северен ветер

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 23 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер.

Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.