Сончево, топло, со повремени грмежи

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 а максималната од 34 до 41 степен. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Ќе продолжи периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен. Во понеделник ќе дува засилен претежно северен ветер кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите повеќе во северните делови од земјата.