Сончево со мала облачност и подносливи температури

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околинта ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе остигне до 32 степена.

Во наредните денови следува период на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени, а потоа брзо ќе се покачуваат.