Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 16 степени

Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.