Сончево, но студено време

Претежно сончево ќе биде времето денеска. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини со појава на магла.

Утринските температури ќе се движат од -9 до -1 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура од -6, а максимална дневна 8 степени.

Слично време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Во сабота облачноста ќе се зголемува, а за недела и понеделник метеоролозите најавуваат променливо облачно со повремен дожд.