Сончево и топло за овој период од годината, од петок најави за снег и обилни врнежи

Времето во Македонија денеска ќе биде стабилно со различни услови низ земјата. Во котлините, поголемиот дел од денот ќе биде тивко, со појава на магла или ниска облачност, која ќе создава слаба видливост и пониски температури. Температурите ќе бидат од -2 до 15 степени.

Во останатите делови од земјата се очекува сончево време, релативно топло за овој период од годината, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно и тивко, со услови за магла во текот на денот со температури од 2 до 7 степени

Во петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места.

Локално се очекуваат пообилни врнежи.