Сончево и топло време

Од денеска во земјава следува период на стабилно и претежно сончево и сè потопло време. До четврток утринските температури на некои места ќе бидат неколку степени под нулата, а потоа постепено ќе се зголемуваат.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со слаб до умерен североисточен ветер кој краткорајно ќе засилува. Утрото ќе биде студено и минималната температура ќе се движи од минус 4 до 5, додека дневната ќе се искачи од 8 до 20 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до нула и дневна до 18 степени.

Од четврток дневните температури во повеќе населени места ќе бидат над 20 степени