Сончево и топло уште денес, од утре драстична промена на времето

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Дневните температури ќе е движат од 16 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и дневни температури од 14 до 22 степени. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h).