Сончево и топло со услови за пороен дожд попладне

 Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност и изолирана појава на пороен дожд. Максималната температура ќе се движи од 24 до 31 степен.

Во Скопје времето е сончево и топло сo слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 30-тиот степен.

Утре ќе се задржи топло време, а кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност
со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од седум до 13 степени, додека дневните температури ќе достигнат до 32-от степен. Во Скопје и околината температурата ќе се движи од 11 до 31 степен.

Во среда ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Од среда до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за 3 до 6 степени.