Сончево и многу топло време - висок УВ индекс и 39 степени

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната  од 29 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температура од 18 / 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, но врнежите нема да бидат пообилни. Во следниов неколкудневен период максималните температури ќе бидат во благо опаѓање.