Сончево и многу топло со температура до 34 степени – УВ индексот висок

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. УВ-индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со утринска температура до 16 степени, а дневна до 33 степени.