Сончево и многу топло со надпросечни температури за овој период

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Само некаде по котлините ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 и 14, а максималната од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Температурата 10/28 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.