Сончево и „изгор“ топло време - барајте дебела сенка

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури низ територијата на државата ќе варираат помеѓу 29 - 39 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови.

И во наредните три дена ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец и температури и над 40 Целзиусови степени.