Сончевиот викенд ја наполни Зоолошката градина

Сончевиот викенд, новите животни и новите живеалишта, уште еднаш ја наполнија Зоолошката градина во Скопје. 

Викендов таа беше полна со посетители. Од најмали до најстари. Сите ги искористија убавите, сончеви денови, и се опуштаа и релаксираа во друштво со тамошните животни. 

Во Зоолошката градина, вратите се отворени 365 дена во годината, а таа е доволно голема за да ги собере сите посетители.