Сончев ден, температура до 16 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност ќе биде времето денес. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека дневната од минимални 9 до максимални 16 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура од 0 степени, а максимална дневна до 9-тиот степен.

Утре, вторник не’ очекува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено време

Слично време ќе се задржи до петок кога ќе има појави на повремен дожд и малку постудено време.