Сомнителна активност на твитер-профилот на Владата - преименуван во „Тесла“

Кратко време твитер-профилот на Владата на Р.С. Македонија беше преименуван во „Тесла“ и го користеше логото на компанијата.

Исто така, беше забележана и сомнителна активност, тврдења дека се дистрибуираат криптовалути Bitcoin и Dogecoin преку профилот кој корисничкото име го задржа @VladaMK, но во прекарот стоеше Tesla. 

Иако беше реагирано веднаш, сепак голем дел од корисниците ја забележаа новата активност. 

Профилот на Владата по кратко време беше вратен, а логото со грбот на Македонија е вратено на аватарот (сликата на профилот). Сепак, некој постојано ги променува фотографијата и прекарот, што укажува на намерен напад врз социјалните мрежи на Владата.

Сè уште не е познато кој стои зад оваа активност.