Солун е наш – за време на празници и за шопинг

Често Македонците ја користат реченицата дека Солун е наш, Солун е Македонски. Да наш е, особено кога е некој празник, продолжен викенд или пак сезона на попусти.

Секој слободен ден, продолжен викенд, празник, голем дел од Македонците го користат за посета на Солун. Секој продолжен викенд на границата кон Грција има колона со автомобили, се чека и со часови. Секој сезонски попуст, Македонците се таму.

Туристичките агенции постојано ги објавуваат програмите за шопинг тури во Солун кои се многу атрактивни кај Македонките. Голем дел од туристичките агенции по многу поволни цени нудат еднодневно патување до најомилената шопинг дестинација.

Покрај посетата на главните солунски шопинг улици Игнација и Цимицки, неизбежна е посетата на трговските центри Космос, Икеа и Хондос Центар кои се добро познати за нас.

Покрај шопингот, многу Македонци ја искористуваат можноста да испијат кафе на сонце покрај море и да излезат малку од градот е дополнителен мотив за ваква еднодневна прошетка.

Како се зголемуваат попустите во солунските дуќани, така и кулминира интересот кај Македонките.

-Во псоледните неколку години се зголемува интересот за еднодневна шопинг посета на Софија, но сепак Македонците си го преферираат Солун. Интерес има константно и во зависност од тоа дали турите се организираат со автобус или со минибус, велат од туристичките агенции. Цената се движи од 800 до 1.250 денари во зависност од бројот на патници и типот на превозот.

Големиот интерес за еднодневно патување во Грција го потврдуваат и изнајмувачите на комбиња, на минибуси и на автобуси.