Солистички концерт на Антонио Илиоски денеска во Музејот на македонска борба

Виолончелистот Антонио Илиоски денеска во Музејот на македонската борба ќе одржи солистички концерт насловен „Антонио Илиоски и Камерен Оркестар - Скопје “.

Концертот за виолончело и оркестар ќе биде изведен во C-dur од Франц Јозеф Хајдн, под диригентската палка на маестро Fifi Le.

- Би сакал да искажам голема благодарност до проф. м-р Даница Стојанова и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje, за поддршката овој проект да биде реализиран, напиша Илиоски на Фејсбук.