Солени стапчиња

Состојки за 15 парчиња:

30 гр свеж квасец

300 мл млеко

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

600 гр брашно

100 мл масло

Солен прелив:

50 мл вода

2 лажички брашно

½ лажичка сол

Подготовка:

Загрејте го млекото и додадете го иситнетиот квасец, па шеќерот и промешајте.

Оставете да одмори.Додадете масло и сол, па повторно промешајте.Додадете го остатокот брашно и замесете тесто.Тестото добро измесете го и оставете го да отстои и да стане двојно поголемо.Потоа тестото премесете го и поделете го на 15 еднакви топчиња.

Премачкајте ги топчињата со масло и оставете 5 минути да отстојат.

Потоа едно по едно нежно со рака развлечете го надолу, како на сликата:Вид на пекарски кифли, но тенки и долги. Потсетуваат на оние стапчиња што ги купувавме порано за на училиште во пекарите, со оној солен дел кој сите го киневме и гризавме.

Потоа со сукалото направете коричка во ширина од 10 см а должина 20 см, па завиткајте така што поширокиот дел ќе го влечете навнатре, се додека не направите долгнавесто стапче.

Редете во намастен плех со масло.Секое премачкајте го со разматена жолчка и оставете да отстои додека рерната не се загрее на 220 степени.За тоа време изматете ја водата, брашното и солта.

Густината треба да биде како јогурт.Кога ќе почнат да руменеат извадете ја тепсијата па брзо исшарајте со солениот прелив, и вратете да се допечат.Печете додека не поруменат.