Солена торта со спанаќ и сирење

СОСТОЈКИ:

1 шолја бело брашно

1 шолја пченкарно брашно

1 кесичка прашок за печиво

1/2 шолја масло

3 јајца

1/2 кг спанаќ

200 гр сирење (по избор)

200 гр шункарица

малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Во чинија измешајте бело и пченкарно брашно. Додајте прашок за печиво, јајца, масло, сол. Измешајте. 

Додајте обварен и исечкан спанаќ, сирење и исечкана шункарица на коцки. Добро измешајте. 

Обложете плех со хартија за печење, ставете ја смесата и печете 30-40 минути.