Солена „торта“ со праз и компири

Секој има различна перцепција за тоа што е солена торта и какви состојки има во неа. 

Овојпат ви предлагаме да ја правите без тесто, само со компири и зеленчук. Сигурни сме дека ќе ви се допадне.

Состојки:

10 јајца
150 гр сланина
300 гр компири
Една црвена пиперка
Еден црвен кромид
Еден праз
Две чешниња лук
200 гр кашкавал
Една шолја млеко
Сол и бибер

Подготовка: 

Рерната загрејте ја, а садот за печење намачкајте го со масло или путер. Користете подлабока тава за печење. 

Најпрво пропржете ја сланината, па тргнете ја на салфета. Во маста испржете ги кромидот, лукот, празот, пиперката, а потоа додајте ги и компирите да се динстаат. Компирот сечете го на кругови или на покрупни коцки. 

Настрана изматете ги јајцата со млекото и половина од кашкавалот изрендан. Измешајте со смесата со зеленчук и ставете го поголемиот дел од сланината. Најгоре ставете го остатокот од кашкавалот. Печете 20 минути, ставете ја сланината и печете уште 20 минути, за јајцата да бидат целосно термички обработени. 

Откако ќе ја извадите од рерна, покријте ја тавата и оставете да отстои 10-15 минути, за да се стегнат јајцата и да биде полесно за сечење.