Соларен систем поставен во објектот „Бамби“ во Аеродром

Детската градинка „Срничка“ доби грант со изработка на проектот „Енергијата вреди и затоа треба да се штеди“, кој го искористи за поставување соларен систем во објектот „Бамби“, што овозможува заштеда на енергијата за 65 проценти.

Соларниот систем е сертифициран од германско сертифицирано тело и има 10 години гаранција. Бидејќи покрај санитарната вода, електрична енергија се троши за работа на машината за садови, е инсталиран и трокатен вентил со што дополнително ќе се заштеди потрошувачката на струја.

Грантот доаѓа како награда за континуираната посветеност на „Срничка“ на заштитата на животната средина. Градинката официјално беше  прогласена за еко- градинка со највисокото ниво на наградување, зелено знаме во 2014 година.