Сок од три состојки кој ги намалува стресот и нервозата

Секојдневно се соочуваме со стресни ситуации, но треба да знаеме дека храната значително влијае на нашето психичко здравје.

Овој сок содржи само три состојки, а помага кај стресот и вознемиреноста, но е и одличен чистач на организмот. 

Портокалот е богат извор на витамин Ц, а самиот мирис на ова овошје го поттикнува нашето добро расположение. Самото етерично масло од портокал често се користи за смирување и опуштање.

Цвеклото е одлично против анемија и за регулација на покачениот крвен притисок. Богато е со витамини и минерали, а истражувањата покажуваат дека одлично влијае на нашиот нервен систем. Целерот пак содржи состојки кои влијаат релаксирачки на нашите артерии и го намалуваат лачењето на кортизол, хормонот на стресот.

Потребни состојки:

Неколку парчиња сварено цвекло

2 портокали

неколку гранчиња целер

Измешајте ги сите состојки во блендер и уживајте.