Сокот од домати е еден од најпознатите здрави пијалоци.
Photo by Charlotte May
Причината за тоа се многубројните придобивки за нашето здравје, но и неговата лесна подготовка.
Кога Луис Перин во својот ресторан во Индијана во 1917 година се соочил со недостаток на сок од портокали, тој на своите гости им послужил сок од домати. Останато е историја, бидејќи гостите го обожавале овој пијалок.
На 100 гр сок тој содржи само 17 калории, 0.3 г масти, 3.5 г јагленохидрати, 2.6 г шеќер, а од минералите богат е со 10 мг калциум, 0.39 мг железо, 11 мг магнезиум, 217 мг калиум, 0.11 мг цинк. Од витамините, сокот од домати е богат со витамин А (23 мцг), витамин Ц (70.1 мг), витамин Е (0.32 мг) и витамин К (2.3 мцг).
Здравствени придобивки
Богатите се богати со многу витамини и минерали од кои најзначајни се витамините Ц и К, како и калиум.
Намалување на ризикот од срцев и мозочен удар
Тие содржат и високо количество ликопен, што е позната состојка, односно антиоксидант кој придонесува за намалување на ризикот од срцеви удари. Едно истражување кое е спроведено во Финска во кое учествувале 1000 испитаници на возраст од 46-65 години во период од 12 години покажало дека лицата кои редовно консумираат ликопен се соочуваат со значително помал ризик од удари дури за 55%.
Регулирање на крвниот притисок
Една јапонска студија покажала дека редовното пиење сок од домати придонесува за намалување на крвниот притисок. За тоа е доволна само една чаша дневно.
Добар за кожата
Според нутриционистите, овој сок е одличен за нашата кожата поради високото количество на витамин Ц, како и антиоксиданти кои имаат анти-воспалителни состојки. Освен тоа, тој придонесува и за намалување на порите.
Намален ризик од рак
Со оглед на тоа дека го содржат најмоќниот антиоксидант меѓу каретенеоидите, благодарение на ликопенот, доматите се сметаат за одлични борци против одредени типови рак. Тоа се должи на ликопенот кој ги неутрализира слободните радикали пред тие да направат штета во нашето тело.
Подобрено варење
Редовното пиење од овој сок придонесува и за подобро варење. Всушност, тој е одличен и против тврдата столица, со што придонесува и во јакнење на цревната флора.
Ја спречува задршката на течности во нашето тело
Голем дел од луѓето се соочуваат со овој проблем, но сокот од домати ја стимулира работата на бубрезите, што му помага на телото побрзо да се ослободува од вишокот течности.