Сок од боровинки -  задолжителен пијалок за секое семејство

Многу сокови се достапни на пазарот, но здравиот сок од боровинки треба да е задолжителен  во исхраната за секое семејство.

Photo by Joanna Kosinska on Unsplash

Како се подготвува овој сок?

Тој може да се добие со цедење на плодовите на боровинките, од што се добива 100% здрав сок богат со хранливи состојки. Тие се еден од најздравите плодови на планетата и често се сметаат за суперхрана со високо количество антиоксиданти.

Зошто е корисен?

Здравиот сок од боровинки содржи високо ниво од витаминот Ц, како и природни диететски влакна, витамин А, калиум и витамин К. Тој содржи и високо ниво танин, салицилат и други антиоксиданти кои позитивно влијаат на нашето здравје.

Тој може да ве заштити од хронични болести и воспаленија во вашето тело кои се предизвикани од слободните радикали. Дополнително, високото ниво на антиоксиданти може да помогне во спречување на оксидативниот стрес во мозокот, со што намалува ризикот од Алцхајмерова и Паркинсова болест и други невродегенеративни болести.

Photo by Cook Eat: https://www.pexels.com/photo/blueberry-smoothie-6671856/

Со одличните нивоа на антоцијанин и калиум, овој сок го одржува нивото на крвниот притисок, со што се намалува ризикот за развој на атеросклероза и други болести на срцето и крвните садови. Освен тоа, со оглед на големото количество хранливи материи, а малку калории, овој сок му помага на телото да остане сито, со што се спречува прејадувањето во текот на денот.

Тој помага и во болестите на уринарниот тракт и тоа на природен и ефикасен начин, а и го штити имунитетот. 

Сè додека го користите овошјето како природен засладувач, тој е нискокалорични пијалок во кој со задоволство ќе уживате без грижа на совест од многу калории.