Социјалните мрежи „вријат“ по информацијата за смртта на младиот комита

Болка, неверување, жал, тага и повици за максимална казна за убијците. Социјалните мрежи вријат по објавување за информацијата на смртта на Никола Саздовски - Саздо, младиот комита која по една недела „борба“ им подлегна на повредите и го загуби животот.

Пренесуваме дел од твитовите:

Ако не добијат максимална казна затвор за убиство на детето од Автокоманда и еднаш за секогаш им се даде на знаење и на нив и сите како нив дека не се над законот, делата ќе се повторуваат.„ - напиша @Goran_Man на твитер.

Бапчо@thefitzzz објави три барања, а неговиот твит е еден од најпопуларните во изминатите 24 часа:

1. Без разлика од која националност е момчето, ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА УБИЈЦИТЕ, ЖИВОТНИ !

2. КРИВИЧНА за обвинителите од ОЈО кои тенденциозно го прекфалификувале делото со што СВЕСНО станале соучесници.

3. Одземање на новинарската лиценца на Саше ПОЛИТИКО кој потврди дека е ДНО ДНА

Детето почина нека му е лесна земјата!МВР нека ги штити криминалците и белите мечки! Утре ,,од насилство" ќе почине твоето дете, а ќутите ко пички сите !“ - напиша @rubinaredd и ова е еден најпопуларните твитови во изминатото деноноќие.

Ниту ми е важно за кого навивал, ниту ми е важно дали бил политички определен, ниту е важно од која националност е.Убиено е 20 годишно момче.Престанете да собирате политички поени околу настанов.Сторителите треба СТРОГО да се казнат.И сите треба да го бараме тоа.“ - твитна @tviterana.

На оваа тема твиташе @brienneoftart и тој напиша: Да ви кажам нешто искрено, ме заболе рог дали си шиптар, мексиканец или северномакедонец. Си посегнал по туѓ живот и треба да скапеш зад решетки додека не си пресудиш сам зашто си гнаса. Исто ме заболе рог и за вмро и сдсм. Се сте вие едно корумпирано дно од багра.

Со свој став околу случувањата во Скопје и смртта на младиот Никола Саздовски на социјалните мрежи се огласи и Лука Кржалоски, советник во градот Скопје и Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.

Потешко не може да ни биде, кога еден млад живот не напушта, едно делче од сите нас заминува.До кога црнина и жал, до кога камења на душа? Не донесовте туку земате животи. Почивај во мир, брату Саздо!, напиша Кржалоски на фејсбукс.