СОЦИЈАЛЕН ЕКСПЕРИМЕНТ: Како скопјани реагираат на насилството врз жена? (ВИДЕО)

Многумина од нас биле сведок на насилство врз жена. За жал, сме биле сведок, па можеби и дел од пасивноста на минувачите очевитци на тоа насилство.

За таа цел, во рамките на светската кампања за крај на насилството врз жената, Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА) направи социјален експеримент чиј резултат беше разновиден.

Не подалеку од очекуваното, многу од сведоците на глуменото насилство реагираа глувонемо на агоничните потреби за помош, но некои од нив пак, кои не можеа да премолчат, потегнаа иницијатива и помогнаа со физичко (но не и насилно) вмешување или со повик до полиција. Да земеме пример од нив! Тие се промената што му ТРЕБА на светот, велат од ММСА.