Сочен и вкусен: Колач со урми и јаболки

Овој колач со јаболки и урми и со прекрасен мек бисквит е многу едноставен за подготовка.


Потребно е:
4 јајца
4 лажици брашно
1 прашок за печиво
4 лажици гриз
200 г шеќер
100 г сечкани ореви
50 г суво грозје
50 г урми
50 мл масло
200 мл јогурт
2 поголеми јаболки
малку цимет
100 г чоколадо

Подготовка: 

Изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте брашно, гриз со печиво, масло, јогурт и се’ изедначете. Округло тавче покријте со хартија за печење. На дното ставете малку шеќер и наредете ги јаболките исечени на коцки, наросете со цимет.

Над тоа ставете суво грозје, сечкани ореви и урми и истурете ја смесата со јајца. Ставете во рерна загрена на 190 степени и
печете 40 минути. На половина печење покријте со фолија. Испечениот колач полијте го со истопеното чоколадо и наросете со шарени шеќерни трошки.

Колачот е многу сочен и вкусен.