Бидејќи во Скопје возат само приватните превозници чии линии се многу ретки, а такси превозот е многу скап, на социјалните мрежи се шират пораки за солидарност.
Застанете на станица, соберете некој кој оди во ист правец со вас за да не се нервира чекајќи, за да не плаќа такси 500 денари, за да не го слуша шефот зошто доцни, порачуваат дел од граѓаните.
Собравте патници што чекаат на станица за да ги пренесете донегде или само твитнавте револтирано?
— Séamus O39;Chlamydiy (@Schiffer_PG14) October 20, 2022
Вие што сте сами со коли, а одите на работа, бидете солидарни со луѓето што чекаат автобуси за на работа, застанете, прашајте ги до каде одат, префрлите ги до некаде. Колку толку помогнете им да не каснат на работа не по нивна вина. Скопје е град на солидарноста, докажете го тоа!
— Комесарот Васиљ (@VlatkoVasilj) October 20, 2022
Не, не се смешни досетките за јавниот превоз, некој нема таков луксуз да претрча на работа за да "спортува" оти му е блиску, некој работи на другата страна од градот и вооопшто не е интересно да плаќа такси што му е пола дневница. Мајката на градот маќеа.
— Сок на растварање (@inospektar) October 20, 2022