Собранието треба да гласа! Ненад Савевски нов државен јавен обвинител?

Судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски најверојатно ќе биде нов државен јавен обвинител. Следниот чекор е финално изгласување во Собранието на Република Северна Македонија, каде што за избор се потребни најмалку 61 глас.

Савевски е еден од четворицата кандидати кои добија позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

Тој е поранешен јавен обвинител, а во Кривичниот суд ги суди случаите од организиран криминал и корупција.

Савески ќе го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка во декември минатата година.

За оваа позиција се пријавија пет кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица од нив: Анита Тополова-Исајловска (сегашна вршителка на должност), Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески.

Савески доби позитивна оценка од сите десет членови на Советот.