Собранието ќе купува возила

За сума од 2 милиона и 400 илјади денари без ДДВ, или приближно 39 илјади евра, Собранието ќе купува 4 возила, е објавено на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки. 

Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Во техничката спецификација пишува дека станува збор за 4 хечбек-лимузини, бензинец, со зафатнина на моторот од минимум 1.290 кубни сентиметри. Од техничките карактеристики возилата треба да имаат клима, ABS, серво-волан, електрика на стакла. Гаранцијата е две години или поминати 100 илјади километри.