Собрани парите за лекување на малиот Јаков

Хуманите луѓе од целиот свет повторно докажуваат дека со здружени сили може да се помогне на едно семејство да го спаси животот на своето дете. Овојпат се собраа 50.000 долари за лекување на малиот Јаков. 

За нецела недела преку сервисот GoFundMe беа собрани сите средства. Фондот за донации го започна Македонец во Австралија, кој е познат по учеството и организирањето на хуманитарни акции од овој тип, Џим Ристевски.

Останува уште да му посакаме среќа и добро здравје на Јаков и да го поддржиме семејството во големата борба која е пред сите нив.