Собирот „Дојди за зелено Водно“, против градежните активности во парк-шумата Водно, е одложен поради временските услови

Собирот „Дојди за зелено Водно“, кој требаше за се одржи утре од 8 часот и да се алармира против градежните активности во парк-шумата Водно, е одложен поради временските услови.

Настанот е со цел да се упати силна порака до надлежните институции – ДА за гасоводот, но не преку Водно. Здружени активисти и екологисти од повеќе иницијативи и организации бараат стопирање на градежните активности во парк-шума Водно, а исто така, парк-шумата неодложно да добие статус на заштитено подрачје.

Драги воднољупци, поради временските услови, а со цел заеднички да испратиме порака за зелено и заштитено Водно, ве известуваме дека настанот ќе биде одложен за некој од наредните викенди во најскоро можно време. Борбата допрва започнува, и институционално и вонинституционално, бидете со нас и следете не“, соопштија од иницијативата Спас за Водно.