Со жената во овој хороскопски знак никогаш нема да ви недостасува забава и среќа!

Ако се прашувате која жена е жената која ќе ве направи среќен, задоволен и која ќе ви ги пружи сите задоволства на овој свет, не се прашувајте повеќе, тоа е жената во знакот ОВЕН!

Жената родена во знакот Овен е природен лидер, родена за да биде на врвот, токму затоа е и прв знак во Зодијакот. Таа со својата енергија, харизма и динамичност може да ги подигне останатите знаци.

Секогаш се радува на нови предизвици, па затоа жената Овен е ранобудник кој едвај чека да го започне новиот ден и да види што тој ќе и донесе. Сепак, заради својата нетрпеливост, склона е да прејде на нов предизвик уште пред да заврши претходниот. 

Таа е вечен и непоколеблив оптимист, па затоа многу често, поле на нејзините интереси е борбата за правата на другите, како и борбата за подобра иднина. Знае да биде многу заиграна и е голем авантурист кој секогаш гледа напред, а речиси никогаш во минатото. Како и сите луѓе и таа има мани, а најчестите мани кај жената Овен се себичноста, тврдоглавоста и љубомората.

Во љубовта е многу страствена. Сака да преземе иницијатива во љубовните игри и таа сака да биде онаа која ќе го заведе нејзиниот потенцијален партнер. Исто така сака да биде по нејзино и сите тие препирања и кавги ги доживува како предигра на сексот. Таа е магнет за мажи, затоа што ја доживуваат како интензивна и интригантна, а освојувањето на жената Овен знае да биде и прав предизвик.

Кога е заљубена се чувствува најживо и во нејзиниот живот тогаш се станува екстремно. Во врската не сака да се чувствува потчинето, но повременото покажување љубомора и посесивност и ласкаат, затоа што за жената Овен тоа е знак дека партнерот ја цени и знае колку вреди.

Романтиката не и е неопходна, но неопходно и е вниманието од партнерот. Таа е меѓу ретките жени што знае да ја одвои љубовта од сексот. Некогаш и е полесно да се изрази сексуално, отколку емоционално, односно ќе сака работите да се движат побавно доколку станува збор за љубов. Во сексот се пресликува нејзиниот авантуристички дух, бидејќи обожава да испробува нови пози и нови места за секс.

Пријателство

Како и во љубовта, така и во пријателството, жената Овен може да направи хаос, во еден момент носи возбудување, во наредниот веќе ја нема. Пријателствата со жената Овен се многу интензивни. Иако често нејзините пријателства не траат долга, сепак таа има пријатели со кои останува блиска до крајот на животот. Сака да има широк круг на пријатели, затоа што константно ги менува интересите, а не секој може да го следи нејзиното темпо.

Таа ги привлекува другите во своето друштво заради дозата опасност и непредвидливост која таа ја носи како своја втора кожа. Сепак нејзините пријатели понекогаш се борат да ја разберат нејзината изразена независност, а пријателките знаат да и бидат љубоморни токму заради таа нејзината карактеристика. Кога излегува не и се потребни многу пријатели, туку 2-3 блиски личности кои размислуваат слично кои сакаат луда забава. Дружењето со неа секогаш гарантира забава.

Изглед

Фокусиран  и силен поглед, нескротлива коса, високо и изразено чело и малку агресивен став се физичките одлик по кои ќе ја препознаете жената Овен. Главниот дел од телото е главата која најчесто е издолжена, малку широка во пределот на очите и тесна во пределот на брадата.

Нејзиниот заштитен знак се истакнатите и густи веѓи. Вратот исто така е издолжен, а рамената се јаки и широки. Има средна висина и мускулесто тело. Очите најчесто и се кафени или сиви, а кожата и е нежна.

Стил

Таа сака да привлекува внимание, а како подобро да се привлече внимание од огнената, црвена боја, која е нејзин заштитен знак! Црвената боја ја одразува чистата, сирова енергија и живот дух кој таа го поседува.

Изгледа одлично во кожна гардероба, сака и сјајни парчиња облека. Нејзин камен е дијамантот, кој е синоним за сила, невиност и чистота, кои се главните квалитети кои се поврзани со Овенот.

Многу и е важно да биде во топ форма и заради ова многу жени родени во овој знак се посветени на вежбањето, а бидејќи се спортски типови, одлично им стои и спортскиот стил. Сакаат едноставни фризури за кои е потребно малку време.