По повод одбележувањето на месецот на борбата против ракот на дојката, а во рамки на кампањата „Напред розово 2018“, денеска се засадуваа цвеќиња во Градскиот парк во Скопје.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, присуствуваше на настанот и во знак на поддршка на борбата против ракот на дојката, и на Здружението „Борка - За секој нов ден“, засади цвеќиња во цветната фигура – „розова панделка“.

На настанот присуствуваа и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, поддржувачите и активистите на Здружението „Борка“, како и претставници од граѓанскиот сектор.

Цвеќињата за настанот ги обезбеди ЈП „Паркови и зеленило“, а истиот е во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“.