
Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка.
Од МВР информираат дека синоќа во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.