Вчера во 22.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево - Охрид, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, општина Дебрца, 30-годишната Е.С. од с.Коњско додека управувала со нејзиното возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки излетала од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид“, стои во полицискиот билтен.